ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА, ПРОФ. Д-Р ЗУХТУ АРСЛАН ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ ВО МБУ

Претседателот на Уставниот суд на Република Турција проф. д-р Зухту Арслан како гостин-предавач на 10 септември 2018 одржа предавање во Меѓународниот Балкански универзитет. Неговото предавање беше на тема „Уставна правда во Турција: Минато, сегашност и иднина“ која што ја презентираше пред широка публика, вклучувајќи ги турската амбасадорка во Македонија Тулин Еркал Кара, членот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Сали Мурати, Претседателот на Управниот одбор на МБУ и почесен конзул на Република Турција во Република Македонија г-дин Ајдован Адемоски, Ректорoт на МБУ проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу, претставници на владини и невладини институции, бизнис заедници, медиуми, академскиот кадар и студенти.