Ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, Проф. Д-р. Исмаил Коџајусуфоглу, придружуван од заменик-ректорот, Доцент Проф. Д-р Шенер Биљали ги посетија канцелариите на Советникот за трговија и Советникот за култура и промоција на Република Турција во Скопје во петокот, на 10ти Март 2017 година. Тие беа пречекани од страна на г-дин Хакан Озџелик, Советник за култура и промоција, како и г-дин Буниамин Кутлу, Советник за трговија. Овие средби послужија за размена на информации за активностите на овие институции и нашиот универзитет, како и за дискусија за достапните опции за соработка.