Ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, Проф. Д-р Исмаил Коџајусуфоглу, придружуван од заменик-ректорот, Доцент Проф. Д-р Шенер Биљали го посетија Турскиот културен центар Јунус Емре во Скопје во четврток, 9ти Март 2017 година, каде беа пречекани од директорот на овој центар, г-дин Фуат Коркмаз. Тие споделија информации за тековните активности на двете институции, како и предложија идеи за понатамошна соработка во области од заеднички интерес. Ректорот Коџајусуфоглу ја истакна важноста на великодушната поддршка на Институтот кон образовниот процес на МБУ во насока на обезбедување на академски кадар од Институтот за задолжителните предмети на Турски јазик, донација на книги за библиотеката на МБУ, курс по Турски јазик за академскиот кадар на МБУ, итн. Двете страни, исто така, се фокусираа на претстојната имплементација на неодамна потпишаниот протокол за соработка на “Turcology проектот” меѓу МБУ и Јунус Емре Институтот.