Во насока на негување на блиската соработка со бизнис секторот во Република Македонија, ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, Проф д-р Исмаил Коџајусуфоглу во вторник 14ти Март, 2017 година ги посети Халкбанк АД Скопје и канцеларијата на Turkish Airlines во Скопје, две угледни компании на македонскиот пазар. На првиот состанок, тој се сретна со главниот извршен директор на Халкбанк, г-дин Турхан Адеми и извршниот директор, г-ѓа Букет Гереџи, со кои го сподели задоволството на плодната и континуирана соработка помеѓу двата субјекта досега. Во текот на денот, Ректорот Коџајусуфоглу исто така го посети генералниот директор на канцеларијата на Turkish Airlines во Скопје, г-ѓа Пинар Ајваз Арикан, со која разговараше за можноста за соработка за претстојните две меѓународни конференции во организација на МБУ кои ќе се одржат во Мај 2017 година.

За време на средбите со директорите на овие компании, ректорот Коџајусуфоглу ја истакна важноста на соработката помеѓу Универзитетот и бизнис-секторот, во смисла дека Универзитетот треба да обезбеди квалификувана и вешта работна сила на пазарот, додека компаниите се должни да обезбедат практикантска работа, практични обуки и вработување на студентите за време на нивните студии и по нивното дипломирање.