Промотивните активности на Меѓународниот Балкански Универзитет пред матурантите од средните училишта од различни градови во Македонија продолжиja и оваа сабота на 11ти Март 2017 година. Имено, во соработка со Сојузот на Турски невладини организации во Македонија “MATÜSİTEB” и “Младинскиот исламски форум”, беа одржани две презентации за учениците кои се заинтересирани да се запишат на МБУ во следната академска година. Проректорот, Доцент Проф. Др. Шенер Биљали и Промотивниот Администратор Бујар Муча ги презентираа предностите на МБУ како меѓународна средина со студенти и академски кадар од различни етнички групи и култури, студии на англиски јазик, можности за стипендии, блиска соработка со светот на бизнисот и можности за стажирање / работа за студентите за време и по дипломирањето, и многу повеќе. Учениците исто така беа охрабрени да аплицираат за испитот за стипендии кој ќе се одржи на 22ри Април 2017 година, како и да ги испратат своите идеи и проекти и да учествуваат во Средношколскиот натпревар на МБУ.