Со мисија да се прошири мрежата на меѓународна соработка со универзитети од целиот свет, како и да се обезбедат нови можности за меѓународни едукации за своите студенти, МБУ преку својата Меѓународна канцеларија за односи има воспоставено соработка со три нови универзитети од Европскиот континент и потпиша договори за Еразмус + мобилност на студентите, чија реализација се очекува да започне во блиска иднина:

  1. Haute Ecole De La Province De Liege, Лиеж, Белгија – за студиските програми IER, МАН
  2. Vytautas Magnus University, Каунас, Литванија -за студиските програми Политички науки, Односи со јавноста, Меѓународни економски односи, Менаџмент, Економија, Финансии,
  3. Универзитетот во Тракија, Стара Загора, Бугарија – на универзитетско ниво за сите студиски програми