Во рамките на Твининг проектот MK 13 ИПА SO 01 16 R “Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните државни институции” координиран од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија, Министерството за високо образование и истражување на Франција и Северна Ирска, македонската делегација составена од претставници на универзитетите (Меѓународниот балкански универзитет, Универзитетот “Свети Климент Охридски” Битола, Универзитетот “Гоце Делчев” Штип, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот за информатички науки и технологии “Св Апостол Павле “во Охрид и Американскиот колеџ Скопје) беа во посета на високообразовните институции и органи на Франција. МБУ беше претставуван од доц. Проф. Д-р Снежана Билиќ, декан на Факултетот за економски и административни науки и советник на ректорот за меѓународни односи.

За време на посетата делегацијата посети неколку факултети, институти и центри за професионална ориентација и насочување на студентите на Универзитетот во Версај St. Quentin en Yveline и Универзитетот Париз Дидро, Ректорската конференција на Франција, Министерството за високо образование и Центарот за истражување ENIC NARIC. Целта на посетата беше презентирање на резултатите и најдобрите практики во Франција во врска со функционирањето на кариерните центри, развој на наставните програми според потребите на пазарот на трудот, политиката за високо образование и вработување, како и признавањето на дипломи.