Проектот “МБУ семинари” продолжи во вторник 28-ми Март 2017, со семинар на тема “Нови уставни измени во Турција: од парламентарен систем до претседателски систем”. Предавач на семинарот беше доц. Д-р Фехми Агџа, професор по право на Меѓународниот балкански универзитет. За време на неговата презентација, Проф. Агџа ги објасни тековните промени во Турскиот политички систем, со акцент на предложените измени на Уставот на републиката.