Во рамките на договорот за Еразмус + соработка меѓу Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) и Меѓународниот универзитет во Сараево (IUS) потпишан на 20ти Декември 2016, Еразмус + институционалниот координатор на МБУ, Вон. Проф. Д-р Снежана Билиќ го посети Меѓународниот универзитет во Сараево. За време на нејзината петдневна посета на Сараево, проф. Билиќ достави неколку предавања на студентите на Факултетот за бизнис администрација, а исто така и имаше неколку средби со раководството на факултет. Понатму, плановите за интензивирање на соработката и можностите за заеднички истражувачки проекти беа исто така предмет на дискусија за време на овие состаноци.