Во рамки на ЕУ Твининг проектот MK 13 ИПА SO 01 16 R “Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните државни институции” координиран од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија, Министерството за високо образование и истражување на Франција и Северна Ирска, генералниот секретар на МБУ, г-дин Висар Рамадани учествуваше на студиска посета во Северна Ирска во периодот од 26 Март – 1 април 2017 година.

Делегацијата вклучуваше претставници на универзитети и Министерството за образование и наука на Република Македонија кои посетија неколку јавни институции, стопанските комори, универзитетите и компаниите, меѓу кои и Министерството за економија на Северна Ирска, Кралскиот Универзитет во Белфаст, Алстер Универзитетот, Митрополитскиот колеџ на Белфаст и Универзитетот во Глазгов, Делоит, АД Каталист,  итн. Целта на посетата беше да се дознае повеќе во врска со функционирањето на центрите за кариера, алумни асоцијациите, соработката помеѓу владините тела, универзитетите и приватниот сектор, организацијата на наставните програми во согласност со потребите на пазарот на трудот, итн.