Ректорот на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ), проф д-р Исмаил Коџајусуфоглу и Проректорот доц. Проф. Д-р Шенер Биљали учествуваа на 3-тиот годишен состанок на Асоцијацијата на балканските универзитети (BUA), која се одржа во Софија во периодот од 24-25 Март 2017 година. Покрај редовната агенда на годишниот состанок, членовите на BUA дискутираа за можностите за финансирање од ЕУ финансиските шеми на заеднички иницијативи во рамките на BUA, како и можностите за заедничка соработка и акција преку користење на средства од Република Турција насочени кон едукација и истражување.

МБУ е еден од основачките членови на Асоцијацијата на балкански универзитети (BUA).