Ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф д-р Исмаил Коџајусуфоглу го поздрави координаторот на канцеларијата на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје, г-дин Теоман Тирјаки на проштална средба во вторник, 4ти Април 2017 година. Тие разговараа за активностите на двете институции во изминатиот период и позитивното влијание што ТИКА и МБУ го оставија во општеството во Република Македонија и пошироко во регионот. Фокусот беше ставен на успешната и блиска соработка меѓу ТИКА и МБУ во насока на обезбедената поддршка за образование и научни истражувања. Во признавање на оваа успешна соработка и поддршка, ректорот Коџајусуфоглу му додели сертификат за благодарност и   предаде симболичен подарок на г-динот Тирјаки.