Ректоратот на Меѓународниот балкански универзитет организираше скромен коктел за академскиот кадар, административниот кадар и студентите по повод пласман на универзитетот како најдобар универзитет во наставно-образовната област во согласност со неодамна објавената Шангајска листа за рангирање на високо-образовни институции во Република Македонија за учебната 2015/2016 година.

Во своето обраќање, ректорот Коџајусуфоглу истакна дека ова достигнување е резултат на заедничките напори на многу поединци во МБУ, кои придонесоа во развојот на МБУ како универзитет со одлична репутација во Балканскиот регион. “Овој извонреден успех е резултат на постојана работа и искрен и проактивен ангажман на основачите на Универзитетот, нашиот Извршен одбор, Ректоратот, академскиот и административниот кадар, и особено, нашите студенти кои се во фокусот на нашиот начин на размислување! Секој еден има ставено камен на трите златни букви – МБУ, и помогнал во укрепување на замокот на знаење и мудрост кој ние го нарекуваме нашиот втор дом! Ви благодариме на сите, еден по еден! “- рече Коџајусуфоглу.

Да се биде рангиран како најдобар универзитет во една ваква важна категорија за универзитетите, ректорот Коџајусуфоглу истакна дека овој факт наметнува поголема одговорност да се биде уште подобар и да се постигне уште повеќе, бидејќи во филозофијата на МБУ, не постои ограничување за квалитет и развој. Тој рече дека МБУ активно ќе се вклучи во достигнувањето на нови врвови и ќе направи се што е потребно да го направиме МБУ светски реномиран бренд на образование.