Во насока на проширување на мрежата на меѓународната соработка, во границите на Самитот на Евроазиската унија на универзитети и образование која се одржа во Истанбул, на 22-24 мај 2017 година, ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу потпиша билатерален договор за соработка со проф. д-р Сабахатин Балчи, ректорот на Киргистанско-Турскиот Манас Универзитет од Киргистан.

Соработката опфаќа, но не е ограничена на:

  1. Промоција на високо образование и истражување,
  2. Размена на студенти, професори, јазични инструктори и предавачи на посета,
  3. Размена на информации, книги и документи, како и обезбедување на пристап до е-библиотеки,
  4. Организацијата на заеднички студиски програми, истражувачки проекти, конференции, симпозиуми, кратки курсеви и семинари, итн