Драго МБУ семејство,
Уште една пресвртница, уште еден историски момент за Меѓународниот балкански универзитет!

Во Шангајското рангирање на македонските високообразовни институции овластено од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија за учебната 2015/16 година, МБУ е рангиран како најдобар универзитет во Република Македонија во наставно-образовната област!

МБУ е основан во 2006 година во Скопје, со визија за изградба на мостови на соработка меѓу различните народи и култури во регионот на Балканот и Турција. Со јасна мисија поставена во преден дел – квалитетно и сериозно образование за младите генерации, МБУ во изминатите десет години даде исклучителни напори и целосно ги посветени сите расположливи ресурси за да стигнат до фаза кога нашиот бренд станува познат како репутациски и просперитетен центар на образование во регионот на Балканот и пошироко. Покрај нашиот сериозен и сеопфатен пристап кон образованието, ние ги проширивме нашите хоризонти и смирено и со скромност се обративме на научно истражувачката и општествена одговорност. МБУ е домаќин на различни научни конференции, меѓународни студентски конгреси, како и културни, социјални и спортски активности. Ние сме отворени за соработка со јавните институции и со бизнис секторот бидејќи сакаме да се осигураме дека нашите студенти ќе имаат бескрајни можности да напредуваат во своите кариери откако ќе дипломираат на МБУ.

Ова огромно достигнување е резултат на непрекинати часови работа и искрен и проактивен ангажман на основачите на Универзитетот, нашиот Извршен одбор, Ректоратот, академскиот и административниот кадар, и особено, нашите студенти кои се во фокусот на нашиот начин на размислување! Секој еден има ставено камен на трите златни букви – МБУ, и помогнал во укрепување на замокот на знаење и мудрост кој ние го нарекуваме нашиот втор дом! Ви благодариме на сите, еден по еден!

Кога го славиме ова прекрасно достигнување на МБУ, ние носиме највисока одговорност да продолжие уште подобро и да постигнеме уште повеќе, бидејќи во нашата философија, не постои ограничување за квалитет и развој. Под водство на Бог и на луѓето кои ги заменуваат соништата со реалност, активно ќе се вклучиме во достигнувањето на нови врвови и ќе сториме се што е потребно да го направиме МБУ еден светски реномиран бренд на образование!

Честитки уште еднаш!

Исмаил Коџајусуфоглу

Ректор на МБУ