Ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф д-р Исмаил Коџајусуфоглу ја посети канцеларијата на Анадолу агенцијата во Скопје во петокот на 7ми Април 2017 година. Тој беше пречекан од страна на одговорниот уредник, г-дин Аднан Идриз, со кого го поделија меѓусебното задоволство од успешната соработка и взаемната поддршка. По повод 97-годишнината од постоењето на Анадолу агенцијата, ректорот коџајусуфоглу ги пренесе своите честитки до г-динот Идриз и му додели подарок – слика од страна на студентите на Факултетот за арт и дизајн при МБУ.