Во насока на обезбедување дополнителни можности: како што се посети на терен, практична обука и практикантска работа за студентите на психологија и психолошко советување и насочување на нашиот универзитет, ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф д-р Исмаил Коџајусуфоглу и директорот на ЈЗУ Психијатриската болница “Скопје” Г-дин Ќамил Ковачи потпишаа протокол за соработка помеѓу двете институции во понеделник 10ти Април, 2017.

Првите активности во рамките на протоколот ќе бидат лансирани многу наскоро.