По повод пласманот на МБУ како прв универзитет во наставно-образовната област на Шангајската ранг листа за академската 2015/2016 година, ректорот на МБУ, проф д-р Исмаил Коџајусуфоглу беше пречекан на средба со амбасадорката на Република Турција во Скопје, Н.Е. Тулин Еркал Кара во Вторник 11ти Април 2017 година. Ректорот Коџајусуфоглу ја информираше Амбасадорката за критериумите кои го дефиниранираат овој угледен статус на МБУ во високото образование во Република Македонија, истакнувајќи дека успехот доаѓа како резултат на 10 годишна континуирана заложба и посветеност за квалитетот и дисциплината во образовниот процес на МБУ. Во оваа смисла, тој се заблагодари за несебичната поддршка и придонес на турската амбасада кон Меѓународниот Балкански Универзитет. Од друга страна, амбасадорката Кара ги пренесе честитките во свое лично име и во името на Амбасадата за овој извонреден успех на МБУ и изрази искрени желби за нови достигнувања во иднина.