Уште една пресвртница на нашиот пат за успех! На Меѓународниот балкански универзитет му беше доделен статус на индивидуална придружна членка на Европската асоцијација на универзитети (ЕУА), една од најистакнатите универзитетски асоцијации во светот. ЕУА е претставник на организацијата на универзитети во Европа со повеќе од 850 универзитети-членови од 47 земји.

Откако беше рангиран како најдобар универзитет во Македонија во наставно-образовната област според Шангајската ранг листа за академската 2015/2016 година, членството на МБУ во оваа респектабилна организација е уште еден значаен успех за универзитетот, бидејќи отвора нови начини за понатамошна интернационализација и зајакнување на образовната и научната соработка со повеќе универзитети од европскиот континент.

 

Што е ЕУА?

Европската асоцијација на универзитети (ЕУА) е претставник на организацијата на универзитети и национални ректорски конференции во 47 европски земји. ЕУА игра клучна улога во Болоњскиот процес и влијанието врз политиките на ЕУ за високото образование, истражување и иновации. Благодарение на нејзината интеракција со голем број на други европски и меѓународни организации, ЕУА овозможува независниот глас на европските универзитети да се слушне во било која ситуација каде се преземаат одлуки кои би имале влијание врз нивните активности.

 

Визија на ЕУА

Европските универзитети имаат за цел да го поддржат, за доброто на сите, континуираниот развој на културата, општеството и економијата во Европа. Нашата визија за европски универзитети на иднината е во поглед на систем на академски институции со многу разновидни профили, обезбедување на широк спектар на постдипломски квалификации и олеснување на мобилноста на кадарот и студентите. Ова е можно само преку промовирање автономни институции, кои се способни сами да ги дефинираат своите стратегии и да градат партнерства во нивните најдобри интереси.

 

ЕУА целосно ги поддржува вредностите и принципите содржани во Magna Charta Universitatum, потпишана во Болоња во 1988 година од 388 ректори на универзитети во светот.

 

Повеќе информации: www.eua.be