Студентите од 6 факултети од Меѓународниот балкански универзитет заедно со вработените од Факултетот за економија и административни науки присуствуваа на студиска посета на Државниот завод за статистика на Република Македонија на тема: “Собирање на податоци преку Анкета”. Студентите кои го посетуваат предметот “Истражувачки методи за општествени науки”, имаа можност да добијат практични знаења од експерти кои работат во Заводот за статистика.

Студиската посета ги обезбеди студентите со практични знаења во врска со различни методи на истражување, процесот на собирање на податоци, како и различни техники поврзани со анализа на податоци. Во исто време, ја зголеми подготвеноста на студентите во нивните понатамошни студии, како и во областа на истражувањето.