Како дел од дополнителните наставни активности и во рамки на предметот Вовед во право, студентите од различни факултети на МБУ добија предавање од претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мисија во Скопје, г-дин Заге Филиповски .

Г-дин Филиповски им ги објасни на студентите идеалните карактеристики на општеството засновано на принципите на демократско владеење и ги мотивира тие да бидат оние кои ќе создадат и развијат такво општество.

Студентите имаа извонредна можност да ги споделат своите визии со експерт и професионалец во оваа област.