Церемонијата на отворањето на 4тата годишна студентска изложба во организација на Меѓународниот балкански универзитет се одржа во вторник 25ти Април, 2017 година во Чифте Амам Националната галерија во Скопје. Повеќе од 300 уметнички дела, подготвени од страна на студентите на графички дизајн, визуелна уметност и архитектура беа презентирани на изложбата.

Изложбата беше отворена со добредојде и поздравни говори од претседателот на Извршниот одбор и пратеник во Турција, г-дин Хусеин Бурге, ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф д-р Исмаил Коџајусуфоглу и деканот на Факултетот за арт и дизајн, проф. др. Александра Ристовска.

Како признание за неговите постојани напори и придонес за развојот на Универзитетот, ректорот Коџајусуфоглу му додели благодарница на претседателот на Извршниот одбор, г-дин Бурге. Претседателот Бурге исто така, доби слика во име на студентите, чија работа беше претставена на изложбата.

Изложбата ќе биде отворена за љубителите на уметноста до 28ми Април 2017 година.

The Opening Ceremony of the 4th Annual Student Exhibition organized by International Balkan University was held on…

Posted by International Balkan University (IBU) on Mittwoch, 26. April 2017