Пролетниот фестивал ’17 организиран 4-та година по ред од страна на Меѓународниот балкански универзитет се одржа во среда на 3ти Мај 2017 година. Во празнична и весела атмосфера во дворот на просториите на универзитетот во Автокоманда, учениците имаа можност да уживаат во модерна и традиционална музика, настапи во живо, народни ора, поезија, итн. Ректорот на МБУ, проф д-р Исмаил Коџајусуфоглу во своето обраќање пред студентите и вработените ја нагласи важноста што МБУ ја посветува на социјалните и културни активности и во оваа област, пролетниот фестивал останува еден од најавтентичните и најзначајни настани кои се одржуваат во текот на годината на МБУ. Тој упати честитки до сите студенти кои настапија пред публиката и ги покани сите учесници да се приклучат на следниот настан, МБУ Ноќ на Таленти 2017 што ќе се одржи на 11ти Мај 2017 година во Македонскиот народен театар во Скопје.

 

The Spring Festival '17 organized for the 4th year in a row by International Balkan University was held on Wednesday,…

Posted by International Balkan University (IBU) on Mittwoch, 3. Mai 2017