Во рамки на предметот “Меѓународно приватно право”, теренска посета за студентите по право беше организирана во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Студентите имаа можност да се сретнат со претставници на Министерството, особено професионалци по меѓународно приватно право, кои им одржаа предавање за справување со меѓународните правни прашања со ки се среќаваат на секојдневно, како дел од нивните редовни дипломатски активности. Студентите покажаа голем интерес за предавањата и беа љубопитни да дознаат повеќе за оваа тема од искусните дипломати. Групата беше водена од страна на координаторот на правни науки на МБУ, проф. д-р Наталија Шикова.