Меѓународна конференција за применети науки, инженерство и математика (IBU-ICASEM2017) во организација на Меѓународниот балкански универзитет се одржа во Струга-Охрид на 5-7 мај 2017 година. За време на церемонијата на отворањето на конференцијата, ректорот на МБУ, проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу во своето поздравно обраќање, истакна дека оваа конференција е прва организирана од страна на МБУ во оваа научна областа и дека е многу задоволен од сериозното учество на академици и истражувачи од различни земји и универзитети. Тој ја нагласи важноста што МБУ ја посветува на научното истражување и во оваа насока, тој изјави дека МБУ е посветен да стане познат научен центар во Балканскиот регион.

Почесен говорник на ICASEM2017 беше проф. д-р. Х. Хилми Хаџисалиоглу, почесен професор од Турција. Воведно обраќање, исто така, беше дадено од страна на д-р Андржеј Ковал, професор на Полската академија на науките. Како признание за нивниот придонес за успешната организација на конференцијата, ректорот Коџајусуфоглу им додели на двата говорници благодарница и слика – производ на студентите на Факултетот за арт и дизајн при МБУ.

International Conference on Applied Sciences, Engineering and Mathematics (IBU-ICASEM2017) organized by International…

Posted by International Balkan University (IBU) on Samstag, 6. Mai 2017