На 4 мај 2017 во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, се одржа церемонијата на отворањето на шестото издание на фестивалот “Скопје Креатива 2017”. Факултетот за арт и дизајн при МБУ е еден од соработниците на овој настан, заедно со голем број на поединци, компании и факултети од областа на креативните индустрии. Градоначалникот на Град Скопје, г-дин Коце Трајановски го посети настанот и нашите вработени и студенти имаа можност да ги презентираат уметнички дела на МБУ.

Фестивалот за креативни индустрии “Скопје Креатива 2017” уште еднаш ја оправда улогата на проектот кој нуди една поинаква приказна, ги поддржува и промовира уметниците и дизајнерите кои работат во Македонија, но исто така и секоја година носи клучни странски имиња во дизајнерската област. Овој фестивал, кој е целосно поддржан од Град Скопје, беше организиран во Конгресниот центар “Александар Македонски” и е дел од програмата за поддршка и развој на креативните индустрии во Скопје.