Финалниот натпревар на Традиционален турнир во фудбал 2017 година, кој се одржа во среда 10-ти Мај, 2017, покрена голем интерес кај студентите и љубителите на спортот. Ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф д-р Исмаил Коџајусуфоглу, Проректорот др. проф. Шенер Биљали, членови на академскиот кадар, административниот кадар и многу студенти го следеа финалниот натпревар – МБУ Администратори и Ерол Хоџиќ. Конечниот резултат беше 2-0 за МБУ администратори, кои беа најавени како победници на овогодинешниот турнир.

Во сеќавање на Ерол Хоџиќ, починатиот студент на МБУ, Купот на турнирот е посветен на неговото семејство!