По повод Денот на Европа, Владата на Република Македонија, Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на ЕУ во Македонија, на 10-ти мај 2017 година, организираа средба со Еразмус студентите од македонските универзитети во ЕУ-МК Инфо Центарот.

На настанот наречен “преговорите со ЕУ”, појдовните и дојдовните Еразмус студенти на МБУ ги споделија своите Еразмус искуства со заменик министерот за европска интеграција, д-р Арбен Адеми, претставник од Делегацијата на ЕУ во Македонија, г-дин Мауро Вероли и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г-дин Дарко Димитров.

Појдовните Еразмус студенти Амантин  Ќамили и Теа Ѓорѓиева ги презентираа своите искуства од студиските посети и стажирањето во Латвија и Португалија, додека новите дојдовни студенти при МБУ Полин Поше од Франција и Михаил Barszczewski од Полска изразија прекрасно искуство од МБУ и новооткриената земја Македонија.

 

On the occasion of the Day of Europe, the Government of the Republic of Macedonia, Secretariat for European Integration…

Posted by International Balkan University (IBU) on Mittwoch, 10. Mai 2017