Церемонијата на отворањето на 2-рата Меѓународна конференција за општествени и хуманистички науки (IBU-ICSSH2017) во организација на Меѓународниот балкански универзитет се одржа на 12-ти мај 2017 година во Холидеј Ин во Скопје. Под темата “Промена на Светот: предизвици, можности и одговорности” и со учество на повеќе од 100 учесници од 11 различни земји, оваа конференција опфати различни теми од општествените и хуманистичките науки, како што се политичките науки, меѓународни односи, образование, комуникации, менаџмент, бизнис, економија, филологија, психологија, правни студии, историја и уметност.

Публиката беше поздравена од страна на Ректорот на МБУ, проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу кој зборуваше за важноста која МБУ ја посветува на научното истражување и интернационализацијата на високото образование. Во оваа смисла, тој истакна дека IBU-ICSSH ќе продолжи да расте како платформа каде што научниците и истражувачите од целиот свет ќе се соберат и ќе ги понудат своите тези и идеи за поставените прашања. Ректорот Коџајусуфоглу им се заблагодари на Халкбанк АД Скопје за нивната поддршка во организацијата на оваа конференција.

Воведниот говорник на IBU-ICSSH2017 беше г-дин Ајтекин Ајден, координатор на канцеларијата на Турската агенција за соработка и координација во СКопје (ТИКА), кој ги презентираше програмите и проектите на овој значаен глобален актер во борбата со предизвиците со кои се соочува светот.