Церемонијата за доделување дипломи при Меѓународниот Балкански Универзитет за академската 2016/2017 година се одржа во вторник 23-ти Мај, 2017 во Македонскиот Народен Театар во Скопје. Церемонијата беше почестена со присуство на министерот за образование на Република Турција, г-дин Исмет Јилмаз, заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, д-р Фестим Халили, претседателот на Фондацијата за едукација и култура “Ускуп” и пратеникот во Собранието на Турција, г. Хусеин Бурге, ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф д-р Исмаил Коџајусуфоглу, многу претставници на институции, универзитети, бизнис секторот, невладини организации, медиуми, како и семејствата на дипломираните студенти.

За време на церемонијата, 137 студенти на додипломски студии и 17 студенти на магистерски студии беа промовирани како дипломирани студенти од генерацијата 2017.

Бесмира Селими, со просек од 10.0, студент на Англиски јазик и американски студии е насловена како најдобар студент на генерацијата.

Програмата беше збогатена со уметнички изведби од страна на студентите на МБУ.

The Graduation Ceremony of International Balkan University for the academic year 2016/2017 was held on Tuesday, 23rd May…

Posted by International Balkan University (IBU) on Mittwoch, 24. Mai 2017