Претседателот на Управниот одбор, г-дин Хусеин Бурге и ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф д-р Исмаил Коџајусуфоглу ги пречекаа најдобрите дипломци на генерацијата 2017 на состанок овој четврток на 25-ти Мај 2017 година. Во пријатна и пријателска атмосфера, тие ги споделија своите чувства и впечатоци од церемонијата за доделување дипломи која се одржа пред неколку дена во Скопје, како и нивните мисли кон искуствата што ги имале како студенти на Меѓународниот балкански универзитет.

Студентите ја пренесоа својата благодарност до претседателот за стипендиите кои Фондацијата за едукација и култура “Ускуп” им ги додели и ги обезбеди со можност да студираат на универзитет кој е собирно место на различни народи, култури и верувања, квалификуван академски кадар , современо образование на англиски јазик и голем број на можности за вработување по дипломирањето.

Групата потоа го посети новоизградениот кампус на МБУ и имааше можност да го види целиот простор кој се подготвува да ги отвори своите порти за идните генерации.