Нашата Еразмус + мрежа на соработка расте навистина брзо. Со задоволство објавуваме дека нашата Меѓународната Канцеларија за односи успешно потпиша три нови Еразмус + договори, кои отвораат патишта за поширока соработка во областа на мобилност на персоналот и на студентите за следната академска година. Имено, договорите за соработка се потпишани со овие универзитети:

– AGH Универзитетот за наука и технологија, Краков, Полска (на универзитетско ниво)

– Универзитетот во Тракија, Стара Загора, Бугарија (индустриско инженерство, компјутерско инженерство, електротехнички и електронски факултет)

– Универзитетот во Букурешт, Букурешт, Романија (бизнис администрација, политички науки, меѓународни односи и европски студии)