Министерот за надворешни работи на Република Турција, г. Мевлут Чавушоглу, за време на неговиот официјален престој во Скопје на 18 јуни 2017 година, го посети кампусот на Меѓународниот балкански универзитет. Тој беше информиран од претседателот на Извршниот одбор и пратеникот на Турција, г-дин Хусеин Бирге, за тековниот процес на градење на кампусот кој ќе ги отвори своите порти во следната академска година. Во вечерните часови, делегацијата на МБУ на чело со ректорот, проф. Д-р Исмаил Коџајусуфоглу, присуствуваше на Ифтар вечерата во чест на министерот Чавушоглу од Амбасадата на Турција во Скопје, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Македонско-турската комора за трговија (MATTO) и MATÜSİTEB.