Ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф. Д-р Исмаил Коџајусуфоглу учествуваше на Ректорскиот форум што се одржа во Анкара на 26-27 јули 2017 година. Овој значаен академски собир беше организиран од Советот за високо образование на Република Турција (YÖK). Церемонијата на отворање на форумот се одржа во Претседателската палата, каде што претседателот на Република Турција, Х.Е. Реџеп Таип Ердоган им се обрати на учесниците и беше домаќин на приемот.

Форумот беше организиран во четири различни панели на различни релевантни теми од високото образование. Ректорот Коџајусуфоглу беше говорник во панел-дискусијата која се осврна на заедничките / двојните дипломи и ги сподели своите ставови и согледувања за ова прашање во случајот на Македонија, регионот на Балканот, моделите и принципите на заеднички дипломи и предизвиците во нејзината имплементација. На форумот присуствуваа 120 ректори од повеќе од 30 земји.

Image may contain: one or more people and people standing