Со цел да се зачува долгогодишната традиција на Меѓународниот студентски конгрес на Меѓународниот балкански универзитет (IBUISC’17), овој конгрес започна со идеја од студентите за студентите. Додека IBUISC’17 се шири од година во година, овогодинешниот конгрес ќе биде организиран на универзитетско ниво.

Во изминатите години, големо значење им се посветуваше на научните истражувања од областа на економијата; сепак, имаме чест да објавиме дека оваа година беше направен развој со цел да се вклучат повеќе полиња, како што се: психологија, политички и општествени науки, комуникации, инженерство, уметност и дизајн, право и образование. Оваа промена беше направена со цел да ги вклучиме студентите од различни образовни средини, како и да ги отвориме вратите на нашиот настан за сите студенти од Меѓународниот балкански универзитет. Како што споменавме погоре, темата оваа година ќе се разликува од економија до уметност и дизајн, давајќи им можност на учесниците да изберат од неколкуте предложени теми во дадените области.

Темата “Создавање на нов свет во глобализирана ера” на IBUISC’17 беше развиена поради нејзината разновидност и флексибилност, давајќи им на учесниците слобода да изберат посакувано поле на интерес, како и сослушување на научни трудови, вклучувајќи предизвици и можности од различни точки на гледање. Мотивацијата зад избраната тема беше нејзината важност во секој аспект од животот, брзото менување на општеството во кое живееме и меѓусебната поврзаност на луѓето низ целиот свет, што во основа е целта за собирање на 50 учесници од целиот свет на овој меѓународен настан.

Во врска со овие цели, срдечно ве покануваме да станете дел од нашиот IBUISC’17 и да ги поднесете вашите апстракти вклучувајќи ги и вашите идеи и мисли во областа која вие ја преферирате!

Дознајте повеќе на: isc.ibu.edu.mk