Поранешниот премиер на Република Турција и пратеник од градот Коња, проф. Д-р Ахмет Давутоглу го посети Меѓународниот балкански универзитет во среда, 27 септември 2017 година. Пред публика, во која беа вклучени претставници од разни владини и невладини организации – Владини институции, бизнис сектори, медиуми, академици и студенти, д-р Давутоглу одржа предавање на тема “Иднината на националниот и глобалниот поредок: ексклузивен популизам наспроти инклузивното глобално владеење”.

 

За време на своето предавање, д-р Давутоглу ја искористи можноста да им го честита успехот што го постигна МБУ како ценета високообразовна установа во Македонија и сподели верување дека МБУ ќе продолжи да расте како синоним за културен мост меѓу Балканските нации и Турција.

 

По предавањето, студентите имаа можност да поставуваат прашања до д-р Давутоглу во врска со неодамнешните глобални случувања и неговите ставови и размислувања за предизвиците со кои се соочува светот денес. Во знак на сеќавање на овој значаен ден, ректорот на МБУ, проф. Д-р Исмаил Коџајусуфоглу, му подари подарок на д-р Давутоглу, слика од студент на Факултетот за уметност и дизајн.

Sayın Ahmet Davutoğlu'nun Uluslararası Balkan Üniversitesi'nde verdiği konferans…

Posted by Ahmet Davutoğlu on Donnerstag, 28. September 2017

The former Prime Minister of the Republic of Turkey and Member of Parliament from the city of Konya, Prof. Dr. Ahmet…

Posted by International Balkan University (IBU) on Mittwoch, 27. September 2017