За време на неговата официјална посета на Скопје, поранешниот премиер на Турција и пратеник од градот Коња, проф. Д-р Ахмет Давутоглу го посети новиот кампус на Меѓународниот балкански универзитет. Тој беше пречекан од ректорот на МБУ, проф. Д-р Исмаил Коџајусуфоглу и членовите на универзитетскиот менаџмент. За време на турнејата, д-р Давутоглу беше информиран со деталите за изградбата на новиот кампус на МБУ, чии порти ќе бидат отворени за новите генерации студенти во наредниот период.