Ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф. Д-р Исмаил Коџајусуфоглу, во придружба на проректорот Асст. Проф. Д-р Шенер Биљали, присуствуваше на телевизиското шоу “Daily Special” на телевизиската програма “Тат Румели”, популарен турски радиодифузен канал. Тие ја презентираа академската понуда на МБУ за учебната 2017/2018 година, предностите што нашиот универзитет им ги нуди на студентите од Турција, со посебен акцент на можноста за нивна регистрација преку OSYM системот каде МБУ е првиот и единствен универзитет од Македонија да бидат запишани во OSYM брошурата од 2013 година. Тие исто така разговараа и за новиот универзитетски кампус, успешната примена на програмите за мобилност на студенти, како што се Еразмус + и Мевлана, како и мултикултурната и мултинационалната образовна средина која МБУ им ја нуди на своите партнери. Можете да го гледате интервјуто во видео-рамката подолу: