МБУ УЧЕСТВУВАШЕ НА ИЗЛОЖБАТА „БИСТА“ НА АРХИТЕКТОНСКИ ПРОЕКТИ

Aрхитектонскиот оддел на МБУ беше партнер на БИСТА – биенале на студентите по архитектура.

Церемонијата на отварање на изложбата беше одржана на 20 септември 2018 во „Мала станица“, Скопје. Нашиот академски кадар по факултетот за инженерство, студентите и голем број посетители имаа чест да ги разгледаат креативните и интересните архитектонски дела, проекти и постери подготвени од страна на нашите студенти.