[smartslider3 slider=16]

Вредни членови на големото семејство на Меѓународниот Балкански универзитет,

Ми претставува извонредна чест и привилегија да ви се обратам со ова писмо како нов претседател на Управниот одбор на Меѓународниот Балкански универзитет и како претседател на Собранието на Фондацијата за образование и култура „СКОПЈЕ“. Ме почестија со оваа позиција, која се потпира на визија, доверба и успех што МБУ денес ги претставува низ целиот Балкан, Турција и понатаму. Дозволете ми на самиот почеток да споделам со вас еден од моите водечките принципи, а тоа е – „сами можеме да направиме многу малку, но заедно можеме да направиме многу повеќе“.

Постојат безброј важни моменти во мојот живот, но морам да признам дека од основањето на МБУ во 2006 г., отсекогаш имаше и има посебно место во моето срце. Верував, но уште повеќе верувам денес дека МБУ е истакната високообразовна институција на Балканот. Со својата мултинационална, мултикултурна и мултирелигиозна позадина, МБУ игра клучна улога во градење и зајакнување на мостовите на соработка, взаемна поддршка и братство помеѓу балканските народи и Турција.

Денес, МБУ обезбедува најквалитетно образование во Македонија, и тоа, меѓународно признати програми, како што е Шангајската листа, која што МБУ го рангира на врвот на универзитетите во Македонија во полето на наставата и учењето. Како што го негуваме овој историски успех за нашиот универзитет, исто така ние се стремиме кон подобро и повеќе, бидејќи во нашата филозофија, не постои ограничување за квалитет и напредок. Водени од Бога и од луѓето кои ги заменуваат соништата со вистинска работа, ние ќе се ангажираме со цел постигнување на нови успеси и понатаму и ќе направиме сé што е потребно за да МБУ стане светски образовен бренд!

Го завршувам моето писмо со едно ветување: Управниот одбор на универзитетот ќе биде вашата најголема поддршка, вие ќе бидете нашата најголема мотивација, а МБУ ќе биде нашата најголема гордост!

 

Со почит,

Ајдован Адемоски
Претседател на Управен одбор на МБУ

 

X