[smartslider3 slider=17]

Почитувани посетители,

Во име на Меѓународниот Балкански универзитет, дозволете ми да ви дадам краток вовед за нашиот универзитет. Меѓународниот Балкански универзитет е основан во 2006 г. од страна на Фондацијата за образование и култура „СКОПЈЕ“. Tој е основан, како единствен и непрофитабилен универзитет во Република Македонија. Наоѓајќи се во срцето на Балканот, МБУ е место за средба на студентите од целиот регион, вклучувајќи ја и Турција. Ова го прави МБУ мултинационална, мултирелигиозна и мултикултурна институција. Ако го додадеме фактот дека МБУ е средина во која се комуницира, се предава и се учи на англиски јазик, тогаш можеме да дојдеме до заклучок дека епитетот „меѓународен“ најдобро се вклопува во нашиот универзитет.

МБУ има акредитирано програми за додипломски студии, како и за постдипломски студии. Во согласност со трендовите во современото образование, нашите студиски програми се специфични и одговараат на денешните и идните предизвици. Исто така постои и подготвителна програма за англиски јазик за оние студенти на кои им недостасува познавање на англиски јазик, која обезбедува околу 1000 часа настава и пракса во рок од една година. Ако планирате да бидете експерт во областа на инженерство, архитектура, економија и општествени науки – тогаш МБУ е местото каде што треба да бидете! Она што го прави МБУ извонреден е фактот дека секоја академска година, ние доделуваме значителен број на стипендии на студентите од целиот Балкан. На овој начин, нашите донатори и поддржувачи инвестираат во успешни студенти, обезбедувајќи им образовна поддршка и големи шанси за непосредно вработување веднаш по дипломирањето. Во однос на школарината за додипломски и постдипломски студии, МБУ и понатаму останува најприфатлив универзитет во Република Македонија.

Академските програми на Меѓународниот Балкански универзитет се акредитирани од страна на Министерство за образование и наука, како и од страна на престижниот турски совет за високо образование. Исто така, почнувајќи од 2013 г., нашите студиски програми се регистрирани во ОСЈС книшката, така што се создаваат ексклузивни можности за турските студенти за да полесно се запишат на МБУ.

Признание за нашата посветената работа, квалификуван академски кадар, посветеност кон истражување и инвестирање, општествена одговорност и услуга добивме директно од најреномираната институција во светот која што се занимава со рангирањето на универзитети.

Во блиска иднина, МБУ ќе се премести во својот нов кампус во Скопје, кој што на својот кадар и на своите студенти ќе им обезбеди најмодерни образовни и работни стандари како основа за прифаќање на нови хоризонти и постигнување поголеми успеси.

На крај, дозволете ми да нагласам повторно – нашите врати се широко отворени за студентите од Турција и од Балканскиот регион, како и за останатите студенти од ширум светот.

МБУ е гаранција за квалитетно и просперитетно образование. МБУ е најцврст мост кон успешна кариера… сето ова е поради тоа што ние ги едуцираме лидерите на иднината!

Проф. д-р Исмаил КОЏАЈУСУФОГЛУ
Ректор

X