Светски познат професор по инженерство проф. ЏАН МИКЕЛ КАЛВИ како гостин – предавач во МБУ

Не може да се замисли подобар почеток на академската година за студентите од гостување на светски познатиот професор по инженерство, проф. Џан Микел Калви, кој доаѓа на Меѓународниот Балкански универзитет за гостинско предавање. Овој настан ќе се одржи во вторник, 2 октомври 2018, од 10:00 до 11:00 часот во кампусот на МБУ – во плавиот амфитеатар. Ова предавање е отворено за сите студенти и целиот кадар. Срдечно ве покануваме на ова предавање. Вашето учество е добредојдено и драгоцено.

 

Кој е Џан Микел Калви? 

Џан Микел Калви е професор во Институтот за високо образование (IUSS) во Павија, Италија и хонорарен професор во Државниот универзитет на Северна Каролина. Магистрирал на Универзитетот „Калифорнија, во Беркли, а докторирал на Политехничкиот универзитет во Милано и се стекнал со титула почесен доктор од Универзитетот „Кујо“ во Мендоза, Аргентина.

Тој е основач на Фондацијата „Еуцентар“ и на школото „ROSE“; тој е член на Одборот на директори на Фондацијата „GEM“ и е еден од директорите на Меѓународното здружение за земјотресно инженерство.

Тој е автор на стотици публикации и две значајни книги: Сеизмички дизајн и обнова на мостови и сеизмички дизајн на конструкции базиран на поместување.

Тој е дизајнер, советник и испитувач на стотици структурни проекти, вклучувајќи го и висечкиот мост „Рио-Андирио“ (2883 м.,) во Грција, мостот „Болу“ на автопат во Турција и новиот систем на управување со станбените објекти по земјотресот во Аквила (2009), со 185 сеизмички изолирани згради со повеќе од 7.000 уреди, завршени за околу шест месеци.

Тој е помошен уредник на списанието за земјотресно инженерство и уредник на „Сеизмички дизајн“, списание на италијански јазик упатено до практиканти.

Тој бил поканет како воведен говорник на десет конференции, вклучувајќи ги двете светски и четири европски конференции за земјотресно инженерство.

Тој бил отсекогаш активен во концепциска иновација во сеизмичкиот дизајн, фокусирајќи се на ѕидарство, на мостови, дизајн базиран на поместување и сеизмичка изолација од деведесеттите години.