5-ТИОТ МЕЃУНАРОДЕН СТУДЕНТСКИ КОНГРЕС ВО СКОПЈЕ НА КОЈ ПРИСУСТВУВААТ 135 СТУДЕНТИ ОД 40 ДРЖАВИ

На 4-5ти октомври 2018 во Скопје, Меѓународниот Балкански универзитет беше домаќин на 5-тиот Меѓународен студентски конгрес на кој присуствуваат 135 студенти од 40 држави.

Со цел да се задржи долготрајната традиција на Меѓународниот Балкански универзитет за Меѓународниот студентски конгрес кој започна со идејата на студентите за студенти. Овој конгрес е насловен како „Инвестирање во младите за одржлива иднина“. На конгресот ќе учествуваат вкупно 135 студенти од 40 држави.

Студентите-учесници со различни образовни позадини, како и отворање на вратите на нашиот настан за сите студенти од Меѓународниот балкански универзитет.

“Би сакала да се заблагодарам на нашиот универзитет и нашите спонзори кои се секогаш со студентите и секогаш ќе бидат тука за да им даваат поддршка.” рече претседателот на Меѓународниот студентски конгрес Дукица Павловиќ во својот поздравен говор.  

По говорот на претседателот на Конгресот, ректорот на универзитетот д-р Исмаил Коџајусуфоглу зема збор и рече: “Денес е многу значаен и посебен ден за мене, затоа што точно пред пет години на денешен ден во моја канцеларија дојдоа тројца студенти и ми кажаа дека планираат да организираме конгрес за прв пат во Балканскиот регион и дека им е потребна поддршка од страна на нашиот универзитет, а тоа ми претставуваше чест и големо задоволство“.

Спонзорот на конгресот Културен центар Ататурк директор на научни истражувања Мурат Алтан Ерик наведе дека како и во претходните години, ќе дадат се од себе за поддршка на Конгресите во наредите години.

По завршувањето на поздравните говори, почесниот гостин говорник на конгресот генералниот директор на ТАВ Аеродроми  Скопје, Алпер Тунга Ерсој, напредувањето и развојот на ТАВ Аеродроми го сподели со студентите кои учествуваа на конгресот.

На крајот на церемонијата; Ректорот на универзитетот проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу му подари подарок на претставникот на Културниот центар Ататурк г-дин Мурат Алтан Ерик.

Генерален спонзор и официјален партнер на конгресот IBUISC’17 е Културен Центар Ататурк.