ИНВЕСТИРАЈ ВО ЗНАЕЊЕТО – КАМПАЊА ЗА СТУДЕНТСКИ КРЕДИТ СО 0% КАМАТА ОД МБУ И ХАЛКБАНК

Инвестирај во знаењето! Меѓународен балкански универзитет и Халкбанк АД Скопје имаат чест да ви го презентираат заедничкиот производ – Студентски кредит со 0% камата!
Студирајте на меѓународен универзитет со промотивна годишна школарина од 1000 ЕУР на 12 рати, без камата!

Целта на оваа кампања е на студентите и нивните семејства да им се понуди уникатна можност да можат да одберат квалитетно и меѓународно образование, а со домашни услови на финансирање. Меѓународен балкански универзитет ќе ја покрие каматата за студентскиот кредит, а студентот, односно родителите ќе ја плаќаат школарината кон универзитетот на 12 еднакви месечни рати без камата.

10 причини зошто МБУ е твојот вистински избор!

#1 – Најдобриот универзитет во Македонија во областа на наставата и учењето според Шангајска ранг листа на универзитети!
#2 – 100% образование на англиски јазик!
#3 – 18 додипломски и 10 постдипломски студии – широк спектар на академски понуди!
#4 – Активна сутудентска мобилност на подрачјето на Европа и Турција преку програмите на „Ерасмус“ и „Мевлана“!
#5 – Студенти од 15-тина различни земји студираат на МБУ! Вистински меѓународен универзитет!
#6 – Над 1000 стипендии доделени на талентирани студенти до денешен датум!
#7 – Над 150 договори за меѓународна соработка со универзитетите од повеќе од 40 земји!
#8 – Најнов универзитетски кампус во Скопје, со најмодерните стандарди на образование!
#9 – Квалификуван академски кадар со меѓународна репутација и искуство!
#10 – Партнерство со бизниси – безброј можности за стажирање и работа на нашите студенти!

Дополнително, дел од оваа кампања е и пакетот што МБУ и Халкбанк го овозможуваат за студентите, и тоа бесплатно:

– Дебитна картичка со можност за подигнување готовина од сите банкомати и сите банки во земјата и странство
– Бесплатно електронско банкарство
– Бесплатна мобилна апликација
– Без трошоци за водење на трансакциска сметка

Потребна документација

Дополнителни информации и начинот на аплицирање за Студентскиот кредит можат да се добијат во просториите на Меѓународниот балкански универзитет на ул. Македонско-косовска бригага бб, Скопје или експозитурите на Халкбанк низ земјата.

Инвестирај во знаењето, со МБУ и Халкбанк!