Порака од деканот

Во име на академскиот кадар на факултетот за економски и административни науки, би сакала да ви кажам добредојдовте на нашата страница. Без разлика дали сте потенцијален или дипломиран студент кој сака да го продолжи своето понатамошно образование, корпоративен партнер кој бара квалификувани кандидати или истражувач кој бара образовна и научна соработка, верувам дека тука ќе најдете корисни информации за вас.

Факултетот за економски и административни науки ви нуди образование во прв и втор циклус на студии. Студиските програми од прв циклус се: меѓународни економски односи и менаџмент во јавна администрација, кои што ве водат до научен степен дипломиран економист и дипломиран од областа на менаџмент во јавна администрација со 240 ЕКТС кредити. Студиската програма од втор циклус е магистер по бизнис администрација која ви нуди научен степен магистер од таа област со 60 ЕКТС кредити.

Членовите на факултетот се квалификувани и продуктивни. Тие се желни да ја покажат нивната посветеност кон квалитетот на учењето и целокупниот развој на учениците преку нивна подготовка, пристапност и поттик.  Важноста на етичките одлуки е нагласена низ студиската програма во секоја дисциплина. Барањата за наставната програма и просториите со мала и средна големина, им овозможуваат на студентите да добијат непроценливи искуства во планирање, градење тим и лидерство од многу активни студентски организации.

Нашите студенти добиваат солидна академска основа, но, исто така, учат како да ги претворат овие наоди во пракса преку практични часови, студии на случај и практични вежби. Можностите за клиничка и практична настава им овозможуваат на нашите студенти да гледаат и да учествуваат во вистинските деловни ситуации.

Со почит,

Ред. проф. д-р Снежана Билиќ
Декан